Акција за подигнување кабаст и зелен отпад од реонот опфатен со улиците „Абас Емин” и „Железничка” ќе се реализира утре, 6 јуни, информираат од ЈП „Охридски Комуналец”-Охрид.
Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 06.06.2024 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот, велат од претпријатието.
Отпадот, додаваат, треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.
OhridNews