Од 06.09.2024 год.(петок) ЈП Охридски Комуналец започнува со реализација на есенскиот циклус од календарот за 2024 година на акциите за подигнување кабаст и зелен отпад на територијата на Општина Охрид.

ЈП „Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 06.09.2024 год. (петок) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад од У.З.1 Стар Град. Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 06.09.2024 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот, посочуваат.

Додаваат дека отпадот треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

OhridNews