ЈП „Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 27.09.2024 год. (петок) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од У.З.12 Гоце Делчев (населба Бараки).
Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 27.09.2024 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот, велат од претпријатието.
Отпадот, посочуваат, треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.
OhridNews