Акцијата на локалната самоуправа за отстранување на нелегално изградените објекти, денес, продолжи со уривање на хотел до езерскиот брег, во близина на стариот пат Охрид-Струга.
Откако фирмата ангажирана за отстранување на дивоградбата започна со активностите, сопственикот на објектот ги информирал надлежните дека сам ќе ги продолжи со уривањето, за што е потребно да даде изјава заверена на нотар, а рокот за уривање е 20 дена.
Истото се случи и со нелегално изградениот објект на улицата „Марко Нестороски“, каде по почетокот на акцијата, сопственикот изјави дека сам ќе ја отстрани градбата.
Во текот на викендот се отстрануваа и платформите во стариот дел од градот, чии сопственици претходно ги информираа надлежните дека сами ќе го направат тоат, согласно решенијата за извршување според кои им беше даден рок од три дена. Исто така и закупците на плажи сами започнаа со демонтирање на платформите о езерото, кои инаку беа изградени согласно планската документација одобрена од Министсртвото за транспорт и врски.
OhridNews