Синоќа во мала сала на собрание на Општина Охрид, заменик градоначалникот на Охрид Ристо Николески, на акцијашката бригада „Брег на младоста“ од Охрид и го предаде знамето со кое тие ќе го претставуваат Охрид и Македонија на работната акција “Рибарице 2019” во Нови Пазар, Р. Србија.
21 бригадир се обврзаа на чесно и успешно претставување на Охрид на оваа работна акција. Охридските акцијаши за Нови Пазар отпатуваа рано утрово.
OhridNews