Акција за расчистување на отпадот кај местото „Паднати борци”, по патот за с. Велестово, ќе се спроведе во недела на 21.11.2021, во 10 часот во организација на здружението ЕНХЕЛЕУС Лихнид.

Иако од ова место го има најубавиот поглед кон градот, лоцирана е голема депонија за што е потребна акција за расчистување на истата. Сите кои сакаат да придонесат за почист Охрид и да ја подигнат еколошката свест кај охриѓани се добредојдени. Збирното место е пред седиштето на Национален парк Галичица. Акцијата е поддржана од Националниот парк Галичица и ЕКО – ФАП, велат од здружението.

Воедно посочуваат дека пред два месеци била спроведена акција за расчистување на просторот на истото место од волонтери на ЕНХЕЛЕУС Лихнид и останати членови од други еколошки здруженија од Охрид. Но, повторно е затекната голема количина на отпад, за што е проценето дека е потребна повторна акција

Акцијата ќе биде спроведена со запазување на протоколите за заштита од Ковид 19.

OhridNews