Со цел да се обрати внимание на пошироката јавност за односот на поединци кон животната средина и донекаде да се ублажат последиците од загадувањето на природата, ЈП „Охридски Комуналец” започна акција за чистење на магистралниот пат до Свети Наум, информираат од претпријатието.

Ќе се подигнува тешко разградливиот отпад (отпадоци од пластика, лименки, картонска амбалажа и др.) од овој патен правец чие одржување не е во наша надлежност, но во интерес на граѓаните, пристапивме кон расчистување на оваа фреквентна делница, додаваат.

Воедно потенцираат дека акцијата ќе се реализира етапно и според нивните искуствени проценки ќе трае околу две седмици.

OhridNews