Денес, во Охрид ќе се одржи акција за чистење на Охридското езеро и крајбрежје, поддржана од Делегацијата на Европската унија во Македонија. На почетокот на акцијата ќе присуствуваат и евроамбасадорот Самуел Жбогар и претседателката на Македонската асоцијација за црвст отпад, Даниела Нелепа.

Во акцијата ќе учествуваат и 15 членови од Клубот за подводни дејности Охрид од Охрид, како најстар активен нуркачки клуб во Македонија.

Клубот е формиран на 18 јануари 1985 година. Во своето речиси 35 годишно постоење е најстар активен нуркачки клуб во Македонија и со својот специфичен начин на дејствување претставува спој на другарство, ентузијазам и љубов кон езерото и градот.  Клубот во охридската јавност е познат по организирањето голем број еколошки акции за чистење на дното на езерото од цврст отпад.

Целта е подигнување на свеста на граѓаните за зачувување на Охридското езеро кое претставува светско културно наследство, а наша обврска како нуркачи е да алармираме, изработуваме еколошки проекти и да го извадиме тоа што не припаѓа во чистата езерска вода, велат од клубот Охрид.

OhridNews