Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре, 3-ти април, во црквата „Света Богородица“ – Каменско, ќе се служи последниот „Акатист на Пресвета Богородица“, со почеток во 17.00 часот.
Со богослужбата ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Акатист ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.