„Акапулко„, помалку невообичаено, е името на новата плажа во Охрид . Се наоѓа во Лагадин и е една од трите плажи кои беа издадени под концесија по пат на тендер што го распиша  Министерството за транспорт и врски. Нема премногу детаљи, покрај шанк со тераса од двете страни,  плажата има платформа во вода, а на песочниот дел лежалки.


„Акапулко„ во Лагадин

Сопственици на плажата се советникот Љупчо Нечкоски и ресторанот „Фортуна“. На свеченото отворање, вчера, присуствуваа голем број граѓани, рекреативци, а чест на газда Нечко му направија колегите од Советот, Калимеро, Чаулев, Положани, Стојаноски, Огненов и претседавачот Чингоски. Со среќа!


колегите од Советот му направија чест на газда Нечкоски

Г. Момироски