Предвидено е познатата групата да одржи концерт во Античкиот театар во 21 часот, а организаторите се надеваат дека временските услови ќе дозволат одржување на музичкиот спектакл на отворено.
Култниот вокален составот “The Swingle Singers“, постои од 1962 година и брои 8 пејачи кои изведуваат класична, џез, латино, поп и рок-музика. Групата има издадено повеќе од 50 албуми и добитник е на пет „Греми“ награди.