Вицепемиерот задолжен за евроинтехграции, Ивица Боцевски денеска во Охрид ќе се сретне со претседателот на МАНУ Георги Старделов и со академици од МАНУ. Средбата ќе се одржи во куќата на Уранија која со одлука на владата ќе и биде отстапена на академијата.



Куќата на Уранија

Неодамна претставници на академијата се сретнаа со министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска и со директорот на управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман кои ги увериле академиците дека наскоро овој значаен споменик на културата кој е тесно поврзан со формирањето на МАНУ, ќе биде соодветно заштитен и саниран.


Ohridnews