Академикот Томе Серафимоски најверојатно ќе го изработува  споменикот на Свети Наум Охридски кој догодина треба да биде поставен во центарот на Охрид, неофицијално дознава „Ohridnews“ од иницијаторите за реализација на проектот.

Истите извори наведуваат дека академик Серафимоски е најсоодветно да го изработи овој споменик, затоа што тој е автор на спомениците на Св. Кирил и Методиј и на Св. Климент кои исто така се поставени во центарот на Охрид. Според нив споменикот на Св. Наум веројатно ќе биде последно монументално дело на кое директно ќе работи ценетиот скулптор.

Од локалната самоуправа засега не соопштуваат кој ќе го гради споменикот, но најавија дека ќе биде распишан конкурс за идејно решение, а според најавите споменикот на големиот светител ќе се гради со средства од донатори.

Советот на Општина Охрид на продолжението шестата седница, вчера, едногласно донесе одлука за изградба на споменик на Св. Наум Охридски  во центарот на градот.

Ohridnews