Не очекувам многу од сегашните визии на поттикнување на економски раст, вели академик Гоце Петрески кој учествува на Научната конференција за идните предизвици на економскиот развој и економските политики на Македонија што во организација на МАНУ се одржува во Охрид.

Според Петрески, сегашните планови за развој одржуваат и поддржуваат веќе поставени клишеа и структури на кои не би им требало поддршка. Петрески посочува бројни забелешки за институциите на државата, за искуствата од реформите, за потенцијалите што одредени реформи ги носат, за пропустите на одредени веќе спроведени реформи. Според Петрески, тврдењата дека растот на Бруто домашниот производ (БДП) претставува параметар кој зборува за раст на економијата, не се реални оттаму што БДП претставува непрецизен индикатор како мерило на раст, на динамиката на развојот, на потенцијалот на одредена економија.

  • БДП се соочува со методолошки проблеми дури и во земјите со традиција на комплетна и независна статистичка практика. Во структурно недефинирани економии како македонската потенцијалот за раст треба да се бара многу подлабоко во структурата, не во површината на варијаблите, истакна академик Петрески.

Тој посочи дека БДП има потенцијал да биде инфлатиран од повеќе причини, од големо учество на јавната потрошувачка во БДП-то која се врши преку т.н. големи проекти, јавни набавки итн. Потоа во услови на неконкурентни ситуации особено кај големите проекти.

  • Видовме други непријатни попратни ситуации, цените по кои се спроведуват тие проекти се неколкукратно надуени. Тоа се трансферира во финалната цена на кооператните изведувачи кои покажуваат поголем приход што влегува во БДП и го инфлатираат на вештачки начин. Потоа тука се јавните набавки, т.н. „non-treadable“ домашни услуги што се повеќекратно наплатени. Тие се мекото ткиво на македонската транзиција која ја проголта внатре македонската економија. Таа импутација на трошоци со домашни расурси води до инфлатирање на домашниот БДП со надворешно задоложување. Плитките економии имаат многу тенок механизам на трансфер на странските ресурси, задолжувањето во домашни приходи. Оттука треба многу претпазливи да бидеме кога ги анализираме податоците за БДП и стапката на раст на одделните варијабли, истакна академик Петрески.

За растот во градежништвото како една од компонентите на домашната економија професорот Петрески вели дека и тој е неодржлив на долг рок затоа што во Македонија се практикува цикличен тип на градежништво, што го детерминираат растови и падови.

Како друга реалност што ја детерминира состојба во економијата е и лошото образование, a кое новата, модерната економија го детерминира како централен мотор на развојот.

  • Човечките ресурси кои се двигател на развојот во модерната економија, модерната економска дисциплина, се единствениот капацитет, потенцијал во иднината. Најквалитетните си заминуваат, што е проблемот. Македонскиот образовен систем не создава раст на човечкиот потенцијал. Физичката работна сила веќе е небитен фактор во модерните економии. Се случува депресијација на човечкиот капитал, заради превработеноста се случува опаѓачка продуктивнот во некои сектори, сертифицираното незнаење во образовниот систем продуцира нефункционални институции. Институциите не ни чинат затоа што не ни чини образвниот процес, системот на вредности не чини затоа што имаме лошо образование од почеток до крај. Нефукционалните институции водат кон нефункционално општество што продуцира внатрешни конфликти, вели Петрески.

Во однос на пазарот на труд во домашната економија, Петрески ја споредува со трка на двоколки, економија што ја детерминираат краткорочни договори, ниска продуктивност, ниски плати, превработеност во јавна администрација и оскудица на работна сила во други сектори.

  • Триесет години се креира илузија на раст, раст постигнат со продажби, аквизиции сметани како странски инвестиции, а беа продажби потрошени за тековна или краткорочна потрошувачка (телеком, електростапнаство), сето тоа отиде, а растот остана таков каков што е не остана потенцијал веќе тука. Задолженоста, ако продолжи со сегашното темпо, одговорно тврдам нема многу далеку ќе биде моментот кога вкупната стапка на раст, ќе оди за сервисирање на долгот, нема да остане ништо за нас, ќе имаме негативен остаток, нагласи меѓу другото академик Петрески, кој додава дека не е ништо подбра ниту состојбата во банкарскиот систем.

За внатрешниот долг  Петрески посочи дека ги еродира сите параметри, сите репери на системот и тој во крајна линија или ќе го дестабилизира финансискиот сектор каде се врзани пензиските фондови или ќе се претвори во надворешен долг преку банките кои дарежливо и даваат на Владата да се задолжува.

  • Задолжувањето од друга страна е трошење хипотетички ресурси, немаме гаранција дека утре ќе имаме 0,5 стапка на раст, а ние антиципираме трошење скапи ресурси, кои некогаш се движат и до десет проценти каматна стапка кои нема теоретска шанса да се остварат во ваква економија…Значи трошиме хипотетички ресурси, предупреди Петрески.

За академик Петрески во Македонија постои сериозен судар меѓу реалната каматна стапка, реалната стапка на раст и задолжувањето односно цената на долгот.

  • Тука може да имаме буџетски дефицит, влегуваат во игра варијантите каматна стапка, девизен курс. Ние се наоѓаме во невозможен триаголник на судар на буџетскиот дефицит, јавните трошења, задолжувањето и нивоата на монетарните параметри, истакна тој,

За тоа колку буџетските трошења колку се двигател на растот, теоријата дели три ставови и тоа според едните буџетскиот дефицит е позитивен за растот, неокласичарите велат никако бидејќи е штетен оттаму што приватната потрошувачака е поефикасна од јавната, додека рикардијанците велат сеедно сакате дефицит сакате суфицит.

  • Во зоната на периферен неолиберализам како нашиот се зголемија општествените нееднаквости на кои треба да се внимава, се влоши материјалната состојба на сите слоеви освен на најбогатите, најзагрозена категорија се помалку образованите и невработените и тие се доведени до ситуација да се приближуваат до власта, феномен присатен кај сите поголеми политички пактивности, бидејќи само таму гледаат можност да валоризираат некоја добивка. Главната причина поради која пропаднавме од времето на конфликти до денес е недостаток на владеење на право и отсуство на личен дигнитет на носителите на јавни функции и на јавни позиции по сите нивоа и вертикали во последните 30 години, рече тој.

Во услови кога транзицијата трае 30 години, окарактеризирана со тенденции за џебен монетаризам, забрзано неодговорно, предаторско  трошење на ресурсите, проследено со висока корупција, со задоцнета задоцнета транзиција што оддава впечаток на интелектуална, институционална и морална конфузија, кој би бил излезот?

  • Триесет години слушам дека фундаментите на македонската економија се солидни, дека каматните стапки се историски ниски, курсот е стабилен, растот само што не ѕвони на вратата, а од друга страна се предупредува за рапиден раст на задолжувањето, анемичен пат, бавен пат, резилентна економија.

Кога се нудат решенија, како на пример извозно обоен раст преку извозно ориентирана индустрија. Ни тоа не е бесплатен ручек, таму на масата каде се извезува веќе има заседнати многу јаки, многу посилни од нас, меѓусебно запознаени, со меѓусебно вопоставени врски, коските ги дојадуваат… Стратегијата на извозен раст покажа дека и тие стопанства најсеризоно беа погодени бидејќи се сензитивни, ранливи, нив најбрзо ги погодува кризата, но ние сме отпорни бидејќи воопшто не сме таму, забележува Петрески посочувајќи дека  тоа ќе мора да биде елаборирано во владината визија при реконтруирањето кон извозно ориентирана индустрија.

Петрески нагласи дека таквите структурални промени бараат длабоки суштински реформи во целото образование, во целото општество системот на вредност, во менталитетот, бара трудољубиво население, бара жестока мобилизација на населението, напор за да се избие напред, што во Македонија како што рече, го нема оттаму што тука владее „летаргија 30 години“.

OhridNews