Ивана Рожман на трката на 60 м го освои 1. место и златниот медал, со резултат од 7:74 сек, што воедно претставува и државен рекорд во оваа дисциплина, додека на 300 м (41,81 сек) ја освои 6. позиција и повторно со државен рекорд.
Охриѓанецот Славчо Мирчевски во далечина (6,41 м) зе пласираше на 8. место. Солиден пласман обезбедија Е. Даутовски на 800 м – 5. место (2:00,17 мин), Г. Трифуновски на 3000 м – 8. место (9:29,52 мин), Ј. Јанковски во скок во височна (190 цм) заврши како 7 – мин.
Р. Трпоски на 60 м (7,53 сек) се пласираше на 12. позиција, Б. Милчевски на 800 м (2:03,94 мин) на 11 место, К. Ефремов на 400 м (54,29 сек) заврши како 15 – ти.
Единствено Х. Ристеска на 300 м и Филип Кафтаноски на 200 м останаа без пласман бидејќи направија престап, влегоа во соседните патеки, што значи автоматска дисквалификација.