Академијата на најдобрата ракометарка за 2012 година Андреа Лекиќ следната година ќе организира интернационален ракометен камп во Охрид.


Првиот човек на Охрид, Никола Бакрачески заедно со директорот на Јавното претпријатие, „Билјанини Извори“, Ристе Мишев остварија средба со челниците на ракометна академија на која ги разгледуваа можностите за реализација ма кампот, кој би се одржал во јуни 2015 година.


На интернационалниот камп на ракометарката на Вардар ќе учествуваат ракометари од Романија, Србија, Финска, Норвешка, Шведска, Србија, Црна Гора, Грција.

Со уште една работна средба ќе се договорат сите детали околу интернационалниот камп, кој ќе биде прв од ваков вид во Охрид.

Ohridnews