Екипите на Академија Пандев 10 и Еврофудбал се победници на детскиот турнир во мал фудбал, кој се одржа во спортската сала „Тодор Александров“.


Во финалето во 2004 генерација Академија Пандев го совлада тимот на Охрид Топ Тим со 3-2.

Трофејот во 2006 генерација го освоија фудбалерите на Еврофудбал кои во финалето беа подобри од Охрид Топ Тим по изведување на пенали.

За најдобар играч во 2004 беше прогласен Лука Менкиноски од Академија Пандев додека во 2006 Давид Матески од Еврофудбал.

Ohridnews