Академија Пандев по назначување на Александар Васоски за нов тренер, започна со екипирање на составот, кој ќе има задача да обезбеди опстанок во Првата македонска фудбалска лига. „Пандевци“, во текот на денов треба да ги промовираат стоперот Коста Манев, голманот Марко Јовановски и офанзивниот играч за врска Николче Шаркоски, како нови фудбалери.
Со доведување на Манев, Јовановски и Шаркоски, Академија Пандев испраќа сериозна порака во борбата за прволигашкиот статус во македонска фудбалска елита. Од клубот најавија уште неколку засилувања, пред се во нападот, кој не беше на нивото во есенската полусезона.
Тетекс го скрши мразот во Втората лига
Екипата на Тетекс го скрши мразот кога се однесува на трансферите во Втората македонска фудбалска лига-запад. „Штофарите“, кои имаат цел да опстанат во второлигашкото друштво доведоа двајца фудбалери.
Тетовчани се засилија со Божидар Митревски од Силекс и со Ринор Ајдини кој во Тетекс се пресели од Кадино.
Првата етапа во Втората лига, Тетекс ја заврши осмата позиција со 13-ет бодови.
OhridNews
Фото: Архива