Атлетскиот клуб Охрид е еден од двата клуба што не аплицираа во изборот на спортист на годината што го организира Сојузот на Спортови Охрид. Тренерот на А.К. Охрид, Влатко Димитров со писмо се обраќа до охридската јавност за да биде што подобро запознеана зошто не конкурирале во изборот на спортист на година.


– Атлетскиот клуб Охрид не доби никаква уредна покана за аплицирање за изборот за спортист на годината. На првиот состанок кога немавме кворум јас тоа го кажав и не добив конкретен одговор од Претседателот и Секретарот, затоа додека се тие во Сојузот на Спортови ние како клуб нема да учествуваме во изборот.

Бојкотот на изборот на спортист доаѓа од минатата година кога бевме класично десектовани и тогаш како и сега реагирав и ја запознав јавноста што се случува.

Минатата година ние бевме прогласени за најдобар клуб во Охрид, а во најдобрите десет спортисти имавме само двајца и тоа шесто и десетто место. Што е крајно манипулативно и потценувачки. Во првичниот список нашата најдобра атлетичарка беше второпласирана зад победникот. Но, во вториот список таа „скокна“ на шестото место и уште една наша спортистка беше преместена за две позиции.

Сојузот на Спортовите го сметам за највисоко тело на спортот во Охрид, кој што треба да води сметка за сите клубови во градот. Ние цела година немаме ниту еден состанок одржано туку само од година во година кога треба да се избира спортистот на годината.

Во реакцијата има и дополнителен текст од претседателот на Атлетскиот маратон, Пецо Неданов во која стои : 27-от Атлетски маратон успешно го организиравме, а во тек се подготовките за 28-от. Пред три години на јубилејниот 25-ти учествуваа над 100 маратонци и никој немаше слух тогаш да не награди за нашиот ентузијазам. Тоа признание нам многу ќе ни значи, но ќе почекаме некој нов јубилеј за тогаш Атлетскиот Маратон биде прогласен за спортски настан на годината.

Ohridnews