Атлетскиот клуб на Охрид викендов ќе “регрутира“ нови членови за атлетската школа која за прв пат ќе профукнционира во Охрид. Со школата ќе раководи проф Влатко Димитров, додека негов аситент ќе биде охридскиот олимпиец Реџеп Селман.


Со поставувањето на тартан подлогата во Охрид, атлетика се здоби со супер модерни услови за работа. Наша цел е прво да го омасовиме овај спорт, за да потоа од квантитетот го извлечеме квалитетот -вели проф. Влатко Димитров.

Уписот на сите заинтересирани деца на возраст од 11 до 14  години ќе се врши на СРЦ Билјанини Извори утре во 11 часот.

Ohridnews