АК Охрид во одлично светло се претстави на Националното фрлачко првенство кое се одржа изминатава недела во Скопје во фрлачки дисциплини.

Стефан Стефаноски ја отвори сезоната во фрлање диск со нов личен резултат од 47.07м и го освои првото место. Во дисциплината фрлање ѓуле го освои второто место исто така со нов личен резултат.

Блаже Љушев го освои третото место во фрлање копје, додека во дисциплините фрлање диск и ѓуле си ги подобри личните резултати, но без медал во истите.

Искра Маџоска освои две трети места во фрлање ѓуле и фрлање копје.

OhridNews