Атлетскиот клуб Охрид имаше успешен настап во Купот на Македонија, кој се одржа вчера и денеска се одржа на СРЦ „Билјанини Извори“ завршувајќи на третата позиција во севкупниот пласман.

Охридските атлетичари собраа вкупно 22 бодови и заостанаа шест бодови во однос на второпласираниот тим на Студенти, додека севкупен победник е Работнички со 45 поени.

Машкиот тим од АК Охрид финишираше на втората позиција во својата конкуренција а женските завршија како третопласирани, што беше доволно за втор резултат во севкупниот пласман.

Топлото време не дозволи атлетичарите да дадат максиуму но сепак малиот број на публика треба и мора да биде задоволен од претставата на најдобрите атлетичари од нашата земја.

OhridNews