АК „Охрид” со успешно завршени припреми и одличен настап на меѓународниот атлетски митинг „Бар 2023″.
Јован Стојоски и Искра Маџоска имаа 10 дневни припреми во Бар, Црна Гора каде што припремите ги завршија со настап на меѓународниот атлетски митинг „Бар 2023″ организиран од АК „Морнар” од Бар.
Јован Стојоски го зазеде третото место на трката на 100м со резултат 10.90 секунди. Искра Маџоска во трката на 100м финишира на 14то место со одличен резултат со оглед на тоа дека е сеуште само почеток на оваа сезона. Блаже Љушев учествуваше во скок во далечина и го зазеде третото место со остварен резултат од 6.48, информираат од клубот.
OhridNews