АК „Охрид” со неколку одличја на Националниот куп во фрлачки дисциплини кој се одржа во Скопје викендов.
Стефан Стефаноски учествуваше во фрлање ѓуле, фрлање диск и фрлање кладиво. Во фрлање ѓуле оствари нов личен резултат 11.03м освојувајќи го червртото место. Во фрлање диск го освои првото место со резултат 47.04, продолжувајќи ја доминацијата како државен првак во истата, додека во фрлање кладиво го зазеде третото место со резултат 26.08м, информираат од клубот.
Блаже Љушев, учествуваше во фрлање ѓуле – 8.56м каде освои 6то место, во фрлање диск – 23.92 личен резултат, додека во фрлање копје – 32.92, исто така личен резултат, го освои второто место.
АК „Охрид” продолжува со подготовките за натпреварите кои следуваат.
OhridNews