Овој викенд се одржа Националното Сениорско Првенство на Националната Арена Тодор Проески во Скопје. Атлетичарите на АК Охрид имаа успешен настап во двата натпреварувачки денови.

Првиот натпреварувачки ден го отвори Јован Стојоски со одличен резултат и освоено злато во дисциплината 400м пречки. Стојоски исто така уште еднаш триумфираше во спринтерските дисциплини на 100м и 200м потврдувајќи ја својата доминација.

Блаже Љушев го освои третото место во дисциплината скок во далечина. Стефан Стефаноски настапи во фрлачките дисциплини ѓуле, кладиво и диск. Во неговата дисциплина фрлање диск го освои првото место и уште еднаш го потврди својот квалитет.

Искра Маџоска настапи во дисциплините 100м и 200м, каде на 100м триумфираше во својата група, додека на 200м финишираше на четвртата позиција во својата група.

АК Охрид продолжуваат со подготовките за претстојните натпревари.

OhridNews