Алан Ајверсон (35) постигна договор со Бешикташ за следните две сезони. НБА ѕвездата се сели на Босфор за четири милиони долари. Писмениот договор не е потпишан, но по стариот добар турски обичај пружената рака значи повеќе од потпис.


Менаџерот на Ајверсон вели дека тој е многу возбуден и среќен што турската публика нестрпливо го очекува. Ајверсон првиот настап во дресот на Бешикташ ќе го има на 8 ноември, а првата средба во рамките на Европа купот на 16 ноември против Хемофарм од Вршац.

Ајверсон во март оваа година го играше последниот меч за 76-ките но поради семејни причини прекина со настапи. Интересно е што во меѓувреме ниту еден НБА тим не контактираше со него за ангажирање. Ајверсон за 10 години во НБА еднаш беше МВП во 2001 година, а постигна вкупно 24.368 поени и четири сезони беше прв стрелец на лигата.

“Извор Мафакс“
Ohridnews