Сезона е на зимници. На градскиот пазар во Охрид деновиве  најмногу се бара познатата пиперка – ајварка, која бележи намалување во цената во споредба со минатата недела. Тогаш ајварката се продаваше за 30 денари по килограм, а сега чини 5 денари помалку, се разбира на големо.

За разлика од пиперката покачување на цената има кај доматите, кои деновиве се продаваат по 40 денари за килограм.

Домаќинките кои сакаат да прават слатко од смокви ќе треба да одвојат по 50 денари за килограм, додека сливите се 20 денари.

OhridNews