Македонците лесно не се откажуваат од ајварот, иако сега како што велат, прават многу помалку. „Колку да не е без ич.“ Мачната „процедура“ многу мераклии ја заменуваат со готов производ. На рафтовите во продавниците има се повеќе „ајвар“ или „ајвер“, а се продава и домашен ајвар подготвен од лица кои на овој начин заработуваат за живот. Сепак домашно си е домашно, велат оние кои и годинава се решија сами да го подготват овој вкусен специјалитет. Се разбира сите тие треба да внимаваат затоа што ајварот може многу да ги чини доколку се подготвува на простор на кој тоа е забрането, затоа што лесно може да заработат глоба од инспекциите.


Ајвар се прави помалку, но се прави

OhridNews