Ајрленд Болдвин, ќерката на актерскиот пар Алек Болдвин и Ким Бесинџер, го минува летниот одмор на југот на Франција, а фотографиите од плажа оваа убавица неретко ги дели со своите следбеници на Инстаграм. Ајрленд постави фотогафија од плажа на која позира само во краток шорц и со превез преку очите, а голите гради ги крие со своите раце.
Се чини дека ќерката на холивудскиот пар го остави тешкиот период зад себе. Таа неколку месеци мина на рехабилитација поради емотивни трауми откако ја раскина врската со раперката Ејнџел Хеј. Исто така пред два месеци, младата манекенка ги полнеше страниците на таблиодите откако папараците ја фотографираа со модринки по лицето, а таа тогаш откри дека била жртва на напад на непознати машки лица.