Ајнтрахт од Франкфурт успеа да се избори за опстанок во Бундес лигата преку баражот совладувајќи го Нирнберг со вкупен резултат 2-1.
Фудбалерите на Франкфут опстанокот во елитното германско фудбалско друштво го обезбедија со победата на гостински терен 1-0 откако првиот меч на свој терен ремизираа 1-1.
Стрелец на погодокот вреден опстанок беше Харис Сеферовиќ во 66-та минута. Победата и опстанокот фудбалерите на Франкфурт му го посветија на Маркус Рус кој животот го ризикуваше играјќи во првиот меч за екипата.
OhridNews