Коби Бемон од американската држава Делавер, во петокот шетал по плажата во Рехобот Бич, кога одненадеш видел ајкула како излегува од плиткото и завршува во песокот на брегот. Тој се обидел да ја врати назад во водата, туркајќи ја со парче дрво кое го нашол на плажата, но ајкулата, долга 1,5 метри била претешка. Тој рекол дека не знаел што да прави и дека не можел да ја врати во океанот.
Во тој момент се појавил уште ден човек на плажата. тој и Бемонт, влечејќи ја ајкулата за опашката, успеале да ја вратат во морето. Таа потоа отпливала во длабочините. Пред да ја врати назад во океанот, Бемонт ја фотографирал ајкулата.