Еден 66 горишен човек бил нападнат од ајкула кога пливал во друштво од други триатлонци, во близина на Сан Диего.

Ветеринарот во пензија Дејв Мартин, пливал во друштво на уште 9 пливачи од локалниот триатлон клуб на около 130 метри од обалата, кога го нападнала голема бела ајкула и му нанела тешки повреди на обете потколеници.


Ајкулата го повлекла под вода. Откако испливал четворица пливачи му помогнале да го извадат на обала. Мартин бил префрлен до спасителите а бил повикан и медицински хелихоптер. Но за жал тој искрврил пред да стигне хелихоптерот – објаснуваат спасителите од плажата, која веднаш била затворена.

Солана Бич се наоѓа 30 километри северно од Сан Диего.

Смртоносни напади од ајкули на тоа подрачје се реткост, а како што велат последниот смртоносен инцидент на напад од ајкула се случил во 1994 година, кога настрадала 25 годишна девојка.