Средовечен маж почина по напад на голема бела ајкула во популарното австралиско летувалиште Бајрон Беј. Поради несреќата што се случила сите плажи во областа ќе бидат затворени во текот на следните 24 часа, пренесува Guardian. Спасувачите отпливале на далечина од околу 50 метри од брегот на плажата Кларкс за да го извлечат мажот кој се здобил со тешки повреди на десната нога. Поради сериозноста на повредата, 50-годишникот не преживеал и покрај укажаната лекарска помош.

Локалната телевизија Sky News, повикувајќи се на изјави на очевидци, извести дека ајкулата сè уште се наоѓа во областа каде што се случил нападот.

Полицијата соопштила дека тимот во спасувачкиот хеликоптер забележал нешто што изгледало како голема бела ајкула во подрачјето каде што се случил нападот, но дека набргу ја изгубиле од вид. Експертите предупредуваат на пораст на бројот на напади од ајкули, кои инаку се вообичаени во австралиските води.

Градот Бајрон Беј се ноаѓа на 722 километри северно од Сиднеј и 165 километри јужно од Бризбејн. Последниот фатален напад на ајкула беше во април годинава, на плажата Татра, 350 километри јужно од Сиднеј.

OhridNews

извор Макфакс