Идилата на рекреативните голф играчи на голф терениве во Калифорнија била прекината од необичен гостин. Од ведро небо, на еден од терените слетал жив примерок на морска леопард ајкула. Така ајкулата се нашла на голф терените Сан Хуан Хилс кои се шест километри оддалечени од океанот. Ајкулата слетала на еден од терените токму кога рекреативците играле. Директорката на клубот Мелиса МекКомрак претпоставува дека ајкулата била уловена од птица грабливка на која пленот и испаднал токму на голф теренот. во прилог на оваа претпоставка оделе и раните на ајкулата околу грбната пераја кои биле видливи по падот.

Еден од вработените ја зел ајкулата, ја ставил во гепекот на голф возилото и ја префрлил до просториите на клубот. Директорката и менаџерот на терените припремиле солена вода како би ја одржале ајкулата во живот додека ја превезувале до брегот. На крајот ајкулата успешно ја преживеала целата траума, од грабнувањето, летот, падот од височините од враќањето во Тихиот Океан.