Интересна фотографија што ја сними Брус Јатес ја освои главната награда на меѓународниот натпревар за избор на најдобра фотографија минатата година. На фотографијата е голема ајкула која изгледа како да се смее.
„Уживавме на одмор, гледавме ајкули и нуркавме со нив. Имав подводна камера и сликав една која ми се приближи. Кога ги прегледавме сликите не можевме да веруваме“ – рекол Брус.
Ајкулата всушност не се смеела туку во тој момент ја затворала устата откако се обидела да изеде некоја риба. Брус само го погодил вистинскиот момент. Можеби ќе остане единствениот човек на кого ајкула му се насмеала во лице.