Брачно патување, односно излетот со нуркање, за малку ќе го чинел живот младоженецот, кога го нападнала голема ајкула. Инцидентот се случил во близина на јужноафриканскиот залив Гансбаи, познат по големата концентрација на морските предатори.
Група туристи таму се упатиле во потрага на адреналин и возбуда. Меѓу нив бил и младоженецот Роџер, чија сопруга преплашено го гледала моментот кога ајкулата го нападнала кафезот во кој се наоѓал Роџер, со уште еден нуркач.
Тие двајца набљудувале ајкули и ги хранеле со риби. Но, ајкулата го нападнала кафезот, и со голема сила успеала да го скрши.За среќа, заглавила внатре, а Роџер го искористил моментот да се провлече под ајкулата и да си го спаси животот.