Должничката криза во еврозаната многу лесно може да се повтори, доколку земјите членки не забрзаат со решавањето на проблемите, смета еден од водечките американски економисти, Бери Ајхенгрин.
Според него, иако дел од европските лидери веќе заборавиле на кризата, тие во никој случај не смеат да се опуштат. Тој предупредува дека преголемите долгови на дел од европските земји, ќе излезат на виделина оваа година.
„Во еврозоната се уште ништо не е решено. Пазарите преминаа од неоправдан песимизам кон неоправдан оптимизан. Економскиот раст го нема, а Германија е на работ на рецесијата.“ – вели професорот Бери Ајхенгрин, во интервјуто дадено за американските медиуми.
Дали овие предвидувања на Ајхенгрин ќе се остварат, зависи од самите членки на Европската унија и нивната упорност во справувањето со кризата.
OhridNews