Холандскиот Ајфел Тауерс ништо не остава на случајност. Холанѓаните од вчера се во Охрид , а денес во спортската сала одржаа и првиот тренинг. И покрај тоа што имаат огромни 28 поени плус, претпазливо влегуваат во реванш мечот во второто коло од Фиба евро Челинџ купот.
Тренерот Ренди Вил очекува возбудлив натпревар .
Тренерот на гостите кој професор по историја вели дека денес ќе има повеќе време да го разгледа градот.
– Никогаш не сум бил во овај прдел. Сум прошетал по сите држави од бившите југословенски простори но овде не сум дошол. Македонија има мошне интересна историја, ги знам приказните за Александар Велики, Ахил и Троја сум ги гледал сите филмови и сега ќе имам можност во живо да ги видам тие места.