Охригани одлично го започнаа мечот добивајќи ја првата четвртина со 17-26. На полувремето домаќините заминаа со плус четири 42-38.
Потопот на охридскиот брод се случи во третиот период кој домашните го решија со 32-13.
Комплетната домашна петорка со двоцифрен број на поени го заврши мечот а најефикасен беше Ричардсон со 24п.
Кај охриѓани најефиксен беше Агоч со 18 п, Чубрило постигна 17п, Д. Стојаноски 12, Богоев 11 п.
Реванш мечот се игра за седум дена во Охрид.