Ајфеловата кула во Париз минатата година забележала рекорд од седум милиони посетители. Кулата која за време на реновирањето минатата година добила стаклена платформа, во 2014 година имала 5,3 проценти повеќе посетители отколку една година претходно.

 

Од компанијата која управува со кулата рекле дека тоа претставува рекорд во историјата на оваа грандиозна градба. Кулата во најголем број ја посетуваат странци, но и голем број жители на Франција. Најмногу туристи доаѓаат од Соединетите Американски Држави, 11,9 проценти, потоа од Велика Британија, 7,5 проценти, Италија со 6,8 проценти и Шпанија со 6,7 проценти.