Франција почетокот на своето шестмесечно претседавање со Европската унија – ЕУ, ќе го одбележи така што Ајфеловата кула ќе ја обои во сино со жолти ѕвезди, по урнек на знамето на ЕУ.
Кулата висока 300 метри, најпознатиот француски споменик, ќе биде во сина боја со голем круг со жолти ѕвезди секоја вечер во наредните два месеци, почнувајќи од 30 јуни.
Осум големи прожектори на земјата и стотина на самата кула ќе бидат задолжени за тој ефект.
Стандардното ноќно осветлувањена Ајфеловата кула, од новата 1985 година е портокалово – златна боја.