Љубителите на театарот, вечерва, ќе имаат можност да ја проследат популарната претстава “Ај да си речиме уште една” во изведба на Охридскиот народен театар, а во режија на Андреј Цветановски.

“Ај да си речиме уште една”, е авторско дело на режисерот Андреј Цветановски, и зборува за творештвото на еден народ кое секогаш претставува богатство што се чува и негува, показ и доказ за цивлизацијата што се развива во еден регион, белег за одликите и навиките на еден народ.

Улогите во претставта ги толкуваат: Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ, Ивица Цонев, Билјана Билаловиќ и Игор Георгиев. Костимите се на Кристина Мукоска-Затуроска, светло Зоран Левески, тон Филип Ангеличин Жура.

Претставата ќе се игра во малата сала при Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 20 часот.

OhridNews