Тренерот на Интер, Жозе Мурињо е прогласен за најдобар фудбалски тренер на светот од страна на Интернационалната спортска прес асоцијација (АИПС).
„Специјалниот“ беше избран откако асоцијацијата спроведе анкета во која гласаа 200 новинари од 96 земји во светот на Конгресот на асоцијацијата кој се одржа во Анталија.
Триесет и шест отсто од новинарите на прашањето кој е најдобар тренер на Светот одговориле Жозе Мурињо, додека пак тренерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон освои 20 отсто од гласовите.
Гус Хидинк селекторот на Турција се пласира на третото место, селекторот на Англија Фабио Капело се пласира на четвртото место а селекторот на Италија, Марчело Липи се пласира на петтото место.
Жозе Мурињо моментално покрај тоа што е најдобар тренер е и најдобро платен со околу осум милиони евра, годишна плата.
На 22 мај Мурињо со Интер ќе се бори за трофејот во Лигата на шампионите против Баерн Минхен, на Сантијаго Бернабе стадионот во Мадрид.
“Извор Макфакс“
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com