На 1 јуни ДУИ ќе однесе голема победа во албанскиот електорат и ќе стави крај на 18 месечното владеење против волјата на албанците, беше речено на митингот на Демократската унија за интеграција – ДУИ, што вчера се одржа во Охрид.


Пред неколкуте стотици симпатизери во населбата Воска говореше лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој рече дека партијата нема да дозволи да се повтори 2006 година кога како што истакна, „не беше испочитувана волјата на албанците“.

„ДПА наместо програма на електоратот му соопштува дека има стратегиски партнер. Јас немам стратегиски партнер но ги имам гласовите на албанците, кои треба да се почитуваат“, рече Ахмети. Тој додаде дека на Македонија и е потребна политичка стабилност, без што како што рече, не може да има економски развој и странски инвестиции. Лидерот на ДУИ се осврна и на Охридскиот рамковен договор, нарекувајќи го мировен. Охридскиот договор донесе мир и албанците ги направи рамноправни, рече Ахмети.


ДУИ во Охрид ја претстави кандидатската листа во 5-та изборна единица која ја предводи Фазли Велиу. Митингот на ДУИ во Охрид мина во препознатлив амбиент, со истакнати партиски знамиња и национални обележја на албанците.


ДУИ вчера во Охрид одржа митинг

оhridnews