Лидерот на ДУИ Али Ахмети попладнево по средбата со американскиот конгресмен Елиот Енгел во Собранието изјави дека во текот на денот нема да има нова лидерска средба, на која би се разговарало за надминување на политичката криза.
Претходно преку медиумите беше најавено дека за денес е предвиден нов состанок на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи, во присуство на амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав.
Последната средба на четворицата лидери се одржа во понеделникот, а епилогот од неа беше дека лидерите на најголемите политички партии ги продолжиле дискусиите за организацијата на владата што ќе ги подготви предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат најдоцна до април следната година, нешто што е предвидено со договорот кои лидерите го постигнаа на 2-ри јуни.
OhridNews
извор Макфакс