„Пописот на населението ќе се одложи земајќи ги в предвид последните случувања во државата и амбиентот во кој сме моментално. Пописот ќе се одржи во некое подобро време, изјави Ахмети.
Лидерот на ДУИ не наведе, кој рок смета дека е најсоодветен за одржување на пописот, но посочи дека е важно тоа да биде по предвремените избори.
„Мислам дека не е многу важно кога ќе биде пописот на населението, октомври или ноември. Важно е тој да се одржи по предвремените избори, изјави Ахмети.
Тој вели дека за ваквиот став разговарале со коалициониот партнер.
Лидерот на ДУИ посочи дека на средбата со Жбогар станало збор за прашањето за името со Грција, меѓуетничките односи, пописот, спроведувањето на рамковниот договор и одржувањето на предвремените избори.
Предвидено е вечерва Жбогар да се сретне со лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.
извор: „Макфакс“