За излез од политичката криза во која се најде земјата неопходна е помош на меѓународната заедница. Ова денеска го изјави лидерот на владејачката ДУИ на изборното собрание на огранокот на партијата во Струга.

-Случајот со прислушувањето бараме да се набљдува од меѓународни екесперти од Брисел, не дека сакаме за секе прашање да се обраќаме до таму и некој да дојде да управува со нас и да ги менаџира нашите внатрешни проблеми, туку затоа што на ова прашање гледаме многу сериозно. Бараме мониторинг од ЕУ бидејќи какви одлуки и да донесат домашните институции, тие  сигурно ќе бидат оспорени од едната или другата страна. – рече Ахмети.


Али Ахмети

Според него потребна е храброст и политичка волја за надминување на кризата, а предуслов за тоа е да престанат меѓусебните напади и да се седне да се разговара.

-Бараме да престанат меѓусебните обвинувањ и напади, затоа што преговори може да има само во мир. На маса треба да се стават сите аргументи, оттаму очекуваме нашите пријатели од меѓународната заедница да ни помогнат, што и се случува, ВМРО и СДСМ седнаа на маса. Откако ќе се согласат да престанат со меѓусебни напади треба да се организира тркалезна маса на која ќе се разговара за излез од кризата, а дел од тие разговори треба да биде и ДУИ. – истакна Ахмети.

Според него до решение за кризата може да се дојде единствено со дијалог и компромис.

-На прво место треба да бидат интересите на граѓаните, стабилноста на земјата и да не се одалечуваме од агендата на држата, а тоа е влез во ЕУ и НАТО, бидејќи друга алтернатива за оваа земја нема, а нема ниту за регионот. Ние не можеме да се согласиме со политиките на Москва која смета дека членството на Македонија во НАТО е голема закана за Русија. Зачленувањето на Македонија во НАТО е волја на сите граѓани. – додаде Ахмети.

Г.М.