Ученикот Ахмед Сулејман од ООУ „Братство Единство“ e избран за ученик на генерација од паралелки со турски наставен јазик.

По повод одбележувањето на 19 Мај – Денот на младите и спортот и Спомен на Ататурк, во организација на ТИКА (Дирекција за мегународна соработка и развој на Турција) и МАТУСИТЕБ (Сојуз на Турски НВО во Македонија) во Скопје се одржа манифестацијата „Ученици на генерација” за учениците во основните и средните училишта каде настава се изведува и на турски наставен јазик.

Ахмед беше избран за ученик на генерација поради големиот број на освоени награди особено по математика и физика под менторство на наставничката Сезен Таип и континуиран одличен успех примерно поведение и активно учество на наставни и вон наставни активности, велат од училиштето.

На свеченото доделување присуствуваше и директорот на ООУ „Братство Единство“ Џемал Мехмед.

OhridNews