Заминаа растеретени и со желба да се прикажат во добро светло,а ако им се укаже шанса нормално, да ја искористат.
На стартот пораз од Португалија 76-71, пораз кој подоцна се покажа како кобен за влез во полуфиналето. По денот одмор се созедоа црвено – жолтите и одиграа како во транс. Започнаа со Велика Британија 80-75, следуваше триумф над аутсајдерот Норвешка 91-83, во одлучувачкиот меч за влез во четврт финалето Финска лесно ја совладавме со 79-63.
По влезот во четвртфиналната група на чекор бевме до изненадување против Германија но не само што го загубивме мечот (81-75), поради повреда го загубивме и капитенот Костоски (најдобриот асистент на турнирот).
Во вториот натпревар во четвртфиналната група потребна ни беше победа од 10 поени разлика над Шведска. Ја имавме потребната победа и предност на седум секунди пред крајот кога Пломквист ги сруши сите наши надежи. Удар за три кој не прати во утешната група,а “викинизте“ во полуфиналето.
Психолошкиот пад беше неминовен,(познавајќи го нашиот менталитет) па во разврската за петто до осмо место очекувано се пласиравме на осмото.
Толку блиску, а толку далеку. Уште еден циклус нашите ќе останат заглавени во Б Дивизијата.