Зошто се’ што е добро и корисно не може да опстане? Одговорот веројатно лежи во навикитe на поединци и групи на кои едноставно не им е грижа за ништо освен за задоволување на своите тешко сфатливи потреби за деструктивно однесување. При тоа најчесто страдаат јавните добра, клупи, корпи за отпадоци, сообраќајни знаци, патокази. Еден таков настрадал на ул. Мирче Ацев на пресекот во Ванчо Питошески. Намерно или не патоказот од една од улиците паднал, па некој се сетил и го оставил на ограда од блиската куќа. И тоа ти е човек.



Ах тие навики

фото: Васко Бујароски